Пронајдено одземено возило, приведени двајца крадци

Од:

Вчера, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода 33-годишниот Х.В. и 27-годишниот Е.В.,двајцата од Кавадарци, извести МВР.

– Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 29 и 30.08.2022 од дворот на Г.М.(66) од Кавадарци го одзеле неговото патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое имало и риболовна опрема. Одземените предмети и возилото биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он