Пронајдено одземено возило и вратено на сопственикот

Од:

Вчера околу 01.40 часот на улица „Вашингтонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода 22-годишниот А.М. од Скопје, информира МВР.

– Во моментот на лишувањето тој управувал товарно возило „Мерцедес Вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(67) од Скопје, за кое тој на 06.05.2002 пријавил дека му било одземено. Возилото било вратено на сопственикот. По преземени мерки биле пронајдени и предметите кои биле во возилото, а кои А.М. ги продал на повеќе лица. Предметите, исто така, биле вратени на сопственикот, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ