Пронајдено исчезнатото девојче од Кичевско

Од:

Пронајдено е двегодишното девојче кое синоќа беше пријавено за исчезнато кај селото Кленоец.

– Девојчето е живо и здраво. Пронајдено е меѓу селата Кленоец и Извор во дол, околу 15 часот. Детето го пронајдоа полициски службеници кои од утрово пребаруваа, а имаше вклучено кучиња трагачи и дрон. Врз детето ќе се изврши медицински преглед и разговор со претставник од Центарот за социјални работи, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека се работи за акција која почнала синоќа во 21.10 часот од полицијаците од Кичево и месното население, по добивањето на пријавата за исчезнување.

– Потрагата траеше до доцна во ноќта, а продолжи утрово со околу 20 полицајци и населението. Теренот беше многу лош и тешко пристапен, но со добра организација девојчето е пронајдено, рече Димоски.

Би можело да ве интересира

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата