Пронајдени три пушки, приведено едно лице

Од:

Денеска, во периодот од 04 до 08 часот, при акциска контрола во реоните каде се врши ловство, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција констатирале две кривични дела по член 396 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Во 05.50 часот во село Зрновци, од слобода бил лишен В.Н.(59) од село Зрновци затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Орозара“ калибар 16 со ремник и четири патрони калибар 16 и ловечка пушка „Бајкал“. Во периодот од 06 до 07.00 часот, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на Х.В.(24) од с.Митрашинци, беровско, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ИЖ-12“ калибар 16 мм и 33 патрони калибар 16 мм, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ