Денес околу 17 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
– Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше упатен во пребарување на теренот. Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додаде Ангелов.