Пронајдени околу 1,9 килограми марихуана во домот на 20-годишно момче од Скопје

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Р. (20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 23 април, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. во с.Визбегово. При претресот биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја.

Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а Б.Р. бил лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор.

Од вештачењето било утврдено дека раститената материја претставува наркотична дрога марихуана со маса од околу 1,9 килограми.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски