Пронајдени над 15.000 парчиња петарди во Гостивар, приведено едно лице

Од:

Гостиварец завршил во полициска станица откако при контрола на неговото возило биле најдени над 15 илјади парчиња пиротехнички средства.

Според СВР Тетово, денес (22 декември) околу 10:40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.К.(24) од Гостивар. При преглед во неговото возило „мерцедес“ без регистарски ознаки биле пронајдени и одземени над 15 илјади разновидни пиротехнички средства.

З.К. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава по член 396 став 4 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба