Пронајдени 30-тина гранати од Првата светска војна во селото Богородица

Од:

Во гевгелиското село Богородица пронајдени се триесетина неексплодирани артилериски гранати при расчистување на дворно место за градење на семејна куќа.

Гранатите се со калибар од 82 сантиметри и според првичните порценки потекнуваа од Првата светска војна.

Откако случајот е пријавен во полиција, на терен е испратен Ефтим Митров од Дирекцијата за заштита и спасување, според кого гранатите се уште се активни.

Се претпоставува дека ги има многу повеќе затоа што на тоа место имало полски магацин и нивната конечна бројка ќе се знае кога ќе заврши целосното истражување на местото.

– На само половина метар над гранатите некогаш имало варџилница и вистинска среќа е како не дошло до експлозија од која последиците би биле катастрофални за селото, изјави Митров.

Откако ќе заврши отстранувањето на сите гранати од местото кое се истражува, ќе бидат уништени, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно