Пронајдена дрога во Тетово, приведени две лица

Од:

Денеска во 00.35 часот во селото Камењане, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Камењане го лишиле од слобода 39-годишниот Б.М. од Гостивар, известува МВР.

При преглед кај него и во возилото „шевролет каптива“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Во 03.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во близина на спортската сала во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.М.(27) од Тетово. При преглед во возилото „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин, информира МВР.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ