Пронајдена дрога при контроли во угостителски објекти во Скопје, приведени 12 лица

Од:

Ноќта помеѓу седми и осми мај, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај 12 лица од Скопје, Битола, Прилеп и Велес биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, кои биле лишени од слобода, информира МВР.

– Имено, кај М. Ј.(24) од Прилеп, А.С.(23) од Скопје, С.Л.(48) од Скопје, К.Т.(24) од Велес, Б.С.(25) од Скопје, П.Р.(23) од Скопје, Т.В.(24) од Скопје и С.Ј.(33)од Скопје била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај М.К.(26) од Скопје, Н.Н.(22) од Битола, А.Б.(26) од Скопје и А.Б.(25) од Скопје била пронајдена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ