Прoнајден хероин, приведени две лица

Од:

Вчера попладне, околу 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР и Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода 33-годишниот Ш.И. од Куманово и 37-годишниот Р.З. од Свети Николе, информира МВР.

– При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај Ш.И. биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај Р.З. биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, соопштува МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват