Пронајден автоматски пиштол, двајца приведени

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и сообраќајната полиција при ОВР Кавадарци на регионалниот пат Градско-Росоман запреле мотоцикл без регистарски таблички, управуван од 45-годишниот С.Д. од Скопје, а сопатничка била 48-годишната М.Е. од Скопје, известуваат МВР.

– При извршен преглед во ранец кај М.Е. бил пронајден автоматски пиштол шкорпион со една рамка, соопшти МВР.

Двете лица се лишени од слобода и ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ