Промовирани „паметни билети“ во ЈСП

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, денеска присуствуваа на инсталирањето на системот за автоматска локација и на електронскиот систем за наплата во автобусите на ЈСП- Скопје, во автобазата на ЈСП во Автокоманда.

– Со воведувањето на системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата, за кој ЈСП распиша тендер и избра фирма за негова реализација, Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Овој систем овозможува од контролен центар да се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и можност на благовремени корекции и намалување на времето на чекање во согласност со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории – истакана градоначалникот Трајановски.

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, Игор Јанушев, истакна дека со инсталирањето на овој систем на граѓаните ќе им се понуди побрз, поквалитетен и побезбеден превоз. Исто така, го најави воведувањето на три типа билети, односно електронска картичка, којашто граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП, персонализиран билет, кој ќе биде со фотографија и со лични податоци и третиот тип на билети – службени легитимации. Јанушев најави дека системот пробно ќе се пушти во текот на месеците јули и август.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели