Промовирани две нови лаборатории на ПМФ

Од:

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Панче Кралев денеска присуствуваа на промоција на  лабораторија за ин витро култури на растителни ткива на Природно-математичкиот факултет и  на лабораторија за наноматеријали на Институтот за хемија.

– Денеска на  Природно-математичкиот факултет  во Скопје ги промовиравме   двете  нови лаборатории за кои се инвестирани средства од страна на Владата. За првата се инвестирани 430 илјади евра, а за втората околу 150 илјади евра, рече Груевски по посетата на ПМФ.

Првата лабораторија, како што додаде,  е многу корисна затоа што помага во создавањето, на некој начин вештачко семе кое што е со позасилени материјални елементи.

– Освен за научни цели оваа лабораторија ќе биде многу користена и од компаниите.Веќе ми кажаа дека некои компании почнале да соработуваат со овој факултет што значи приходи за него. Деканот веќе ми објасни дека од некои од другите претходно добиени лаборатории имаат големи приходи како факултет, што ќе им помогне за набавка на нова опрема, на нови лаборатории во иднина и одење напред како во науката така и во поддршка на бизнисот во Република Македонија. Се работи за една исклучително значајна лабораторија, изјави Груевски.

Лабораторија за испитување на нано материјали, укажа, досега немаше во Македонија и најчесто факултетот остварувал соработка со универзити од други држави што претставува трошење пари и време.

– Оваа лабораторија ми беше во детали презентирана и гледам дека не само што може да се користи за научни цели, за студенти, туку таа може исто така да биде искористена од страна на приватниот сектор. Се работи за една инвестиција од вкупно 580 илјади евра за овие две лаборатории која што ќе биде многу корисна за студентите, за асистентите, за професорите и за бизнис секторот и секако за самиот факултет, бидејќи ќе има приливи на средства кога ќе даваат услуги на бизнис секторот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска