Промовирана новата интернет-страница на ЈОРСМ

Од:

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска ја промовираше новата интернет-страница, www.jorm.gov.mk, на која може да се следат информации од Јавното обвинителство на РСМ, од вишите јавни обвинителства, од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и од основните јавни обвинителства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека со новата интернет-страница се зголемува транспарентноста во работењето на обвинителството што е значајно за поголема доверба на граѓаните во оваа институција.

-Корисниците на интернет-страницата ќе можат да најдат документи и правни акти од кривичната област и други релевантни податоци за нашата дејност. Наша обврска кон граѓаните за давање точни, проверени и релевантни информации придонесува не само за информирање, туку со тоа се стеснува и просторот за шпекулации и лажни вести, рече Јовески.

Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје истакна дека интернет-страница е дел од напорите за зајакнување на капацитетите на обвинителите за односите со јавноста.

-Отвореноста и транспарентноста се столбовите на демократијата и тие се потребни за граѓаните да имаат доверба во правната сигурност. Владеењето на правото не изискува само испорачување на правда, туку и почитување на правдата од оние кои ја испорачуваат. Затоа важно е да комуницирате со јавноста со цел правдата да може да се види, рече амбасадорот Која.

На денешната промоција на новата интернет-страница, државниот јавен обвинител Јовески на амбасадорот Која му врачи благодарница за соработката.

Новата интернет-страница на ЈОРСМ е овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава