Промовирана нова пробна автобуска линија со број 33

Од:

Градоначалниците на Скопје и Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, советници во Советот на Град  Скопје и директорот на ЈСП Мишо Николов,  денеска ја промовираа новата пробна автобуска линија со број 33, што ја воведе  Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје.

– Новата пробна  автобуска линија, што  се воведува  на барање на граѓаните, се очекува да ги  реши повеќегодишните проблеми со јавниот превоз на жителите од Долно Лисиче. Оваа автобуска линија  се воведува по 50 години и на жителите на ова населено место ќе им помогне побрзо и полесно да стигнат до другите делови на градот Скопје и да ги завршат своите обврски, истакна градоначалникот Трајановски.

Автобуска линија со број 33 ќе сообраќа на релација од Долно Лисиче, преку Горно Лисиче, населба Лисиче, Транспортен центар, Југодрво и Плоштад  Македонија, а крајната станица  ќе биде кај Дом на печат.

Градоначалникот Коневски рече дека со воведувањето на новата автобуска линија на жителите на оваа рурална средина им се овозможува  полесна комуникација со другите населени места на градот.

Би можело да ве интересира

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии