Промовирана книгата „Превенција и репресија за казнените дела против јавниот ред и мир“ на Марјан Кицев

Од:

Книгата „Превенција и репресија за казнените дела против јавниот ред и мир“ на Марјан Кицев денеска беше промовирана во Кавадарци.

Марјан Кицев е роден 1975 година во Кавадарци, а делото е всушност негова докторска дисертација. Зборувајќи за него, директорката на библиотеката „Феткин” од Кавадарци Трајанка Атанасова, информираше дека авторот на книгата има 24 годишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Таа соопшти дека во трудот има компаративно искуство и емпириско истражување за состојбата во Република Македонија.

Професор доктор Александра Деановска Трендафилива како еден од рецензентите, рече дека дисертацијата претставува самостојно и корисно истражување на релевантна казненоправна проблематика, што претставува научен придонес во казненоправната наука.

– Свртувајќи го научниот интерес кон криминалот на загрозување на јавниот ред и мир дисертацијата завлегува во општествената сфера што има витално значење за мирот како една од највисоките правни вредности, општествениот ред и стабилноста на општествените односи, како основен предуслов за непречено уживање на основните човекови слободи и права, исполнување на правните должности и остварување на развојните општествени цели, рече Деановска Трендафилова.

Обраќајќи се кон присутните во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов -Климе“, авторот нагласи дека јавниот ред и мир е синоним за мир, сигурност и спокојство на заедницата.

– Одржувањето на редот и мирот е основната задача на секое општество што се остварува преку наметнување на прифатливи, односно на разумни ограничувања на поведението, со цел да се овозможат правда, вистина и општо добро во заедницата. Кои поведенија во општеството ќе бидат инкриминирани, зависи од дефинирањето на јавниот ред и мир, додаде Кицев.

Издавач на делото е кавадаречкиот културен дом.

Би можело да ве интересира

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он