Промовиран проектот за изградба на Скејт парк во Скопје

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ  денеска го промовираа проектот за изградба на Скејт парк во Скопје.

Трајановски и Тодоровиќ  изјавија дека со изградбата на скејт-парк на територијата на град Скопје ќе се реализира дамнешната желба на многу љубители на овие нови спортови, кои се во сè поголема експанзија во светот, како по масовноста така и по атрактивноста.

– Скејт паркот ќе биде лоциран до Паркот на франкофонијата, во близина на ресторанот Опатија со што ќе се создадат услови за рекреирање на сите млади луѓе кои се занимаваат со овој спорт. Скејт-паркот ќе биде изграден според сите меѓународни стандарди и норми, со многу содржини, со што ќе се задоволи потребата на една голема група на луѓе, изјави Трајановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија