Промовиран проектот за изградба на главен фекален колектор на реката Вардар

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и носителот на советничката листа за Гази Баба, Милан Андоновски денеска во населеното место Гоце Делчев во општина Гази Баба, го промовираа проектот за изградба на главен фекален колектор на левата страна од реката Вардар.

Со овој проект е предвидено Градот Скопје во соработка со општина Гази Баба да изработи техничка документација за изградба на главен фекален колектор на левиот брег на река Вардар почнувајќи од Ќерамидница до новата пречистителна станица во Трубарево, во должина од 5,3 километри.

– Станува збор за проектот со кој ќе се реши еден голем проблем на повеќе од 15.000 жители кои живеат во населените места Скопско Поле, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија и Дрма. Градот Скопје ќе учествува во изградбата на примарниот фекален колектор кој што ќе ги поврзува овие локални канализации, изјави Трајановски.

Реализацијата на проектот „Изградба на колектор за отпадни води по десниот брег на реката Вардар до пречистителна станица – Скопје“ претставува прашање од огромен интерес за Градот Скопје. Изградбата на колектор за отпадни води на десниот брег на реката Вардар претставува неопходен услов за изградба на главна пречистителна станица со што ќе се реши прашањето на управување со отпадните води на подрачјето на Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно