Промовиран Прирачникот за авторското право за медиумите

Од:

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), денеска, го објави и го промовираше второто изменето и дополнето издание на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми.

Прирачникот првенствено е наменет за радиодифузерите и новите медиуми односно за менаџерите, уредниците, новинарите и фоторепортерите во овие медиуми. ЦРМ ја објави оваа публикација поаѓајќи од потребата медиумите и медиумските работници подетално да се запознаат со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржините кои ги подготвуваат и емитуваат, а кои произлегуваат од промените на законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумската сфера и во електронските комуникации.

Авторите на Прирачникот: д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовка, д-р Ненад Гавриловиќ и д-р Неда Здравева, истакнуваат дека неговата намена е даим даде на медиумските работници, основни информации за авторското и сродните права, да ги објасни поимите во оваа област и начинот на кој авторското право и сродните права се уредени во Република Македонија. Исто така, тие нагласуваат дека овој прирачник не е замена за правен совет. Авторското право и сродните права се сложена правна материја, а ситуациите кои може да настанат се разновидни. Затоа секогаш се препорачува во конкретни ситуации, особено при склучување договори, да се консултира стручњак од оваа област.

Прирачникот може да се најде и во електронска верзија на интернет страницата на Центарот за развој на медиуми, www.mdc.org.mk.

Би можело да ве интересира

Маск започнa пресметка со невладините организации, прв на листата НЕД

А1он

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска