Промовиран предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи

Од:

Надградена верзија на „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“ за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти.

Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат на основниот документ изработен во 2016 година.

Како што информираат од Институтот за демократија, планот има за цел да даде поттик, насоки и детални активности неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, како и за постигнување напредок во јавните политики, и враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Областите на јавни политики разработени во документот се јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупцијата, избори и изборен систем, јавна администрација, контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање, Собрание, граѓанско општество, социјална заштита, благосостојба и одржливост, образование и младински политики, животна средина, енергетика, култура и здравство.

Граѓанските организации предлагаат сормирање Консултативен совет за имплементација на клучните реформски приоритети на владино ниво, со кој ќе претседава претседателот на Владата и кој ќе се состои од претставници на надлежните министерства и граѓанското општество, назначување на лица за контакт во министерствата и независните, надзорни и регулаторните тела кои ќе бидат одговорни за клучните реформски приоритети и кои исто така ќе бидат задолжени за соработка со тематските групи на граѓанското општество, надлежните собраниски тела да одржуваат месечни јавни расправи.

Претставниците на иницијативата истакнаа дека во текот на целиот процес Владата треба да ги почитува принципите на транспарентност, одговорност, вклучување и ефективност.

Според нив неопходно е политичките партии во Собранието на РМ да покажат вистинска посветеност за спроведување на клучните реформски приоритети. Исто така, како неопходно се посочува и преземените мерки да бидат насочени кон подобрување на социјалната кохезија на граѓаните и на сите етнички заедници.

Граѓанските организации кои учествуваа во подготовката на овој документ ќе се заложат и ќе придонесат во натамошната дискусија за начините на вклучување на граѓанското општество во процесот. Според нив од клучна важност е граѓанскиот сектор да биде вклучен во процесот на проценка на сегашната ситуација, како и во мониторингот и евалуацијата на напредокот во спроведувањето на клучните реформски приоритети.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска

Граѓанскиот сектор реагира поради пренамена на средства за животна средина од Буџетот

Ана Ололовска