Промоција на „Вклучи се, ако си исклучен!“ во Гостивар

Од:

Преку промоција на кампањата „Вклучи се, ако си исклучен!“, младите во Гостивар се информираа околу тоа кои се предностите да се биде активен граѓанин.
Во рамките на проектот „Активни за демократија“, активисти на Граѓанската асоцијација МОСТ во центарот на градот делеа едукативен материјал.

Главните предизвици што ги адресира проектот се недостатокот од познавање на младите гласачи за теми поврзани со изборите, како и нискиот степен на заинтересираност за активно учество во демократските процеси. Исто така, проектот посочува на недостатоците во формалното образование за соодветно информирање на младите гласачи.

„Целта на активностите што ги спроведуваме е да дадеме придонес кон засилување на капацитетите на младите преку промоција на нивните права и слободи поврзани со изборите, како и преку промоција на потребата од активно учество во демократските процеси”, информираат од МОСТ.

Проектот во висина од околу 83.000 евра е финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски