Промоција на програмата за култура, уметност и традиција на Движењето ЗНАМ за Куманово

Од:

Куманово отсекогаш било град на културата, талентите и уметноста. Град во кој се спојуваат традицијата и современоста, старото и новото, автентичното и модерното. Општината ќе продолжи да биде чувар и поддржувач на културниот идентитет, место каде што уметноста се негува, а традицијата се почитува, рече денеска на презентацијата на програмата на Движењето ЗНАМ за Куманово за овие локалкни избори, кандидатката за советник Јелена Пауновиќ.

„Во изминатите години активно вложувавме во културата – реконструкција на објекти од историско значење, поддршка на фестивали, манифестации и културно-уметнички друштва. Организиравме настани што го збогатија културниот живот, но и го афирмираа Куманово како културен центар на североисточниот регион“, рече Пауновиќ.

Во новиот мандат ЗНАМ предвидува уште повеќе промотивни активности.

• Зголемување на буџетот за културни програми со цел побогата и подостапна понуда за граѓаните.
• Целосно финансирање на традиционални настани кои се дел од културниот идентитет на Куманово.
• Идентификување на најуспешните културни манифестации и нивно издигнување на повисоко ниво – регионални и меѓународни фестивали.
• Заштита и ревитализација на културното наследство – објекти, локалитети и симболи на градот.
• Формирање културен центар или изложбена поставка за историјата и развојот на Куманово.
• Изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, со цел поттик на културниот туризам.
• Промоција на локални атрактивни дестинации и нивна интеграција во туристички понуди.
• Кумановско културно лето со концерти, театар и уметнички програми на Спомен костурницата.
• Летен филмски фестивал на отворено за промоција на филмската уметност.
• Рок фестивал – музички собир на локални и регионални рок-групи.
• Фестивал за електронска музика со интернационални диџеи.
• „Хип-хоп револуција“ – афирмација на хип-хоп културата и младинската сцена.
• Театар на отворено на Спомен-костурница.
• Детски фестивал на песна – поддршка на најмладите таленти.
• Денови на детски игри и смеа – креативни активности за децата.
• Денови на пензионери – културни и рекреативни содржини за повозрасните.
• Организација на новогодишен базар на градскиот плоштад.
• Стипендии за талентирани млади луѓе во културата и во уметноста.
• Организација на ликовни колонии и работилници за сите генерации.
• Наградни конкурси за применета уметност за стимулирање на креативноста.
• Поддршка и промоција на нови краткометражни филмски проекти од локално значење.
• Зачувување на културата преку поддршка на здруженијата кои се занимаваат со творечка и културна дејност.
• Стимулирање на културна соработки со соседните земји, Европа и светот.
• Мултикултурни настани и фестивали каде сите етнички заедници ќе ги презентираат своите вредности и традиции.
Куманово, потенцираше Пауновиќ, не е само град на историја, туку град на создавање. Град кој дише преку уметноста, се гордее со своите таленти и живее преку својата култура.
Затоа, нашата мисија е јасна – да го зачуваме она што нè дефинира и да создадеме нови културни вредности што ќе ја инспирираат иднината.
Куманово останува град на уметноста, традицијата и гордоста.

Би можело да ве интересира

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Болните и затворениците гласаат денеска пред утрешните повторени избори во четири општини

ЗНАМ: Бегањето од лидерска средба е признание за политичка слабост и страв од граѓаните

А1он