Промоција на безбедни семејни паркинг зони

Од:

Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ чија главна цел е да се подигне свеста за безбедност во сообраќајот на ранливите категории, особено на бремените жени и на возачите на возила во кои се преведуваат деца до тригодишна возраст.

Планирано е обележување на посебно паркинг-место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат на деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници кои ќе се издаваат во времетраење од една година. Исто така, се планира и издавање на брошура со совети од медицински аспект.

– Статистиките покажуваат дека бројот на сообраќајни несреќи во кои се повредени родители или деца до тригодишна возраст се поразителни, па оттаму и нашата намера да го посветиме вниманието токму на овие целни групи, велат од Авто мото сојузот на Македонија, кои го спроведуваат проектот.

Проектот ќе се спроведува низ целата држава во текот на 2019 година.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања