Промоција на 14. класа питомци на Воената академија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска ќе присуствуваат на свечена промоција на питомците од 14. класа на Воената академија и на слушателите од родот авијација.

На свеченоста, 34 питомци од 14. класа ќе бидат промовирани во чин потпоручник. Во рамки на оваа класа, 28 питомци се од Република Македонија, додека шест се од Црна Гора. Во однос на половата застапеност, од 34 питомци, 10 се припаднички на женскиот пол.

Како што е најавено, на свеченоста ќе бидат промовирани и двајца офицери од родот авијација кои беа дел од втората класа во Центарот за обука на пилоти во Министерството за одбрана.

На свеченоста ќе присуствуваат и заменик министерот Арбен Лабеништа, како и државниот секретар Сашо Стефаноски.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски