Променливо облачно време со врнежи од дожд

Од:

Низ земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 12, а максималните ќе достигнат од 10 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 14 степени.

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.

На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди

А1он

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни

А1он

И денеска и во следнате денови облачно со дожд