Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

-Утрата ќе бидат посвежи, a во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени, соопшти УХМР.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

Следува период со потопло време, со максимални 39 степени

Облачно со сончеви периоди, услови за краткотрајно невреме и благ пад на температурите