А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините

by А1он03/01/2025 - 07:46196
Share0

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Добивај вести на вибер

По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Од УХМР информираа дека поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла.

Во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег.

Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

инималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во сабота претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а во повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

Попладне облачноста ќе се намали. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

dozdoblacno vreme

Би можело да ве интересира

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Горан Наумовски11/01/2026 - 15:55

Претпладне дожд, попладне снег

Горан Наумовски10/01/2026 - 08:30

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски08/01/2026 - 08:5608/01/2026 - 09:08

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Горан Наумовски08/01/2026 - 07:33

Денеска облачно со дожд и јужен ветер

Горан Наумовски05/01/2026 - 07:28

Минусни температури наутро, дожд и снег попладне

Горан Наумовски02/01/2026 - 09:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен