Променливо облачно со повремен локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч).

Минималната температура ќе биде од 10 до 18, а максималната од 18 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди.

Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според УХМР, од недела температурите ќе бидат во опаѓање.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски