Променливо облачно со повремен дожд и снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд