Променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од државава со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска настапува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд.

-Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно и врнежливо време, наместа со ветер над 70 km/h

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд