Променливо облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд.

Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч).

Во понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.

Би можело да ве интересира

Зголемено ниво на реките низ земјата, метеоролозите најавуваат дожд утре

Денеска облачно со врнежи од дожд, температури до 12 степени

Денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Облачно со утринска магла, попладне локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Времето денес облачно, со повремени врнежи од дожд, а на планините снег