Променливо облачно со максимална температура до 13 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините.

Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди.

Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура.

Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност