Променливо облачно со дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд