Променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Од УХМР информираа дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 11 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со повремен дожд

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Променливо облачно и топло, можен слаб дожд

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат