Променет ДУП-от на Струга за доградба на хотелот Изгрев

Од:

Обновување и доградба на хотелот „Изгрев“ овозможува промената на Деталниот урбанистички план што денеска едногласно ја донесе Советот на општина Струга.

Овој објект, кој неодамна Фибула травел го зема под концесија од Македонската православна црква ќе прерасне во хотел со пет ѕвезди. Мехмет Меџедовиќ управител на Фибула травел за Македонија, информира дека во комплексот предвидени се околу 250 вработувања, а треба да биде завршен и пуштен во употреба до крајот на мај идната година.

– Ќе има 220 соби, спа-центар, аква парк, кој за илустрација ќе биде двојно поголем од оној во Скопје. Хотелот се реновира, но за спа-центарот, конгресна сала и за аква-паркот потребни се дозволи, за што требаше Советот да донесе промена на Деталниот урбанистички план, изјави Меџедовиќ.

Инвестицијата ја поздравија претставниците на сите советнички групи во струшкиот совет.
Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Перо Петкоски оцени дека инвестицијата е голем чекор за Струга, кој ќе овозможи околу 250 нови вработувања, што ќе придонесе за намалување на стапката на невработеност.

– Со поволностите што Владата ги нуди за инвеститорите очекуваме да се зголеми интересот за инвестиции и конечно Струга го добие вистинското лице, истакна Петкоски.
Обновувањето и доградбата на хотел „Изгрев“ за Даме Ложаноски од СДСМ е од големо значење за туризмот во Струга.

– Со оваа инвестиција градот Струга очекува поголем број туристи и вработувања, рече Ложаноски.

Ардијан Демири од НДП смета дека инвестицијата ќе придонесе за натамошниот развој на туризмот во општината Струга.

– Општината за секое преноќиште наплаќа соодветна давачка од станоиздавачите, што ќе биде дополнителен приход за општинскиот буџет. Тоа ќе биде добар инпут и за стопанството и економијата на градот, подвлече Демири.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга