Промена на режимот на сообраќај на патиштата Смоквица – Гевгелија и Маврово – Дебар

Од:

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 месецов.

Во нарендите четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради изведување градежни работи режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот патен правец Маврово-Дебар кај село Јанче, каде сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

На тоа место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и ќе биде поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска