Пролонгирани два лета на Скопскиот аеродром

Од:

Авиолинијата Скопје – Истанбул утрово ќе се реализира со задоцнување. Според веб страницата на ТАВ Македонија, авионот на „Пегазус“ што требаше да слета во Скопје во 9.55 часот, е одложен за 12.05, а пролонгирано е и неговото враќање за Истанбул од 10.50 во 13 часот.

За еден час е одложен и летот Истанбул – Скопје – Истанбул на компанијата AJET HAVAYOLLARI. Првично планиран за 11.25, авионот во Скопје треба да слета во 12.25, а наместо во 12.45, се очекува да се врати во Истанбул во 13.45.

Не е наведено дали причина за одложувањето е маглата во Скопје. Други измени на редот на летање, според веб страницата на ТАВ Макединија, засега нема.

Би можело да ве интересира

Тепачка пред Меѓународниот аеродром Скопје

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Сали за инцидентот на Скопскиот аеродром: Гаши не ги прекршил ингеренциите

Се огласи ТАВ по инцидентот на скопскиот аеродром

Не е добар психички – одложено судењето на Мухамед Зеќири

А1он

„Луфтханза“ ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023