Пролетна акција за чистење на Скопје

Од:

Град Скопје ќе организира пролетна акција за чистење на јавните површини и за миење на градските улици во негова надлежност што ќе ја спроведат јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со своите работници и расположливата механизација.

– Ги повикуваме нашите сограѓани да придонесат во акцијата и да ни помогнат да ги лоцираме дивите депонии во градот. Од денеска, сите совесни граѓани можат да пријавуваат диви депонии до Град Скопје со испраќање фотографија и локација на депонијата преку вибер на бројот 070 270 557 или со порака на нашата официјална фејсбук страница – Град Скопје, рече портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху на денешната прес-конференција.

Тој ги повика сите општествено одговорни компании и институции да се приклучат на акцијата и да му помогнат на Градот со својата механизација.

Потсети дека во есенската акција што ја спроведе Град Скопје беа лоцирани околу 200 диви депонии од кои повеќето беа расчистени при што се собрани и отстранети над 3.000 метри кубни смет.

– Со мотив и идеја градот да биде почист, наша цел е ваквите акции да станат редовна пракса, одржувајќи ги улиците постојано чисти во град без диви и нови депонии, нагласи Салиху.

Прашан кога ќе се засади дрвото наместото на споменикот на Ќосета, Салиху посочи дека чекале прво да биде отстранет постаменото на споменикот за да се отвори тендерска постапка за садницата.

– Штом ќе заврши тендерот веднаш ќе биде посадено дрвото, прецизира Салиху.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош