Пролетна акција на јавните претпријатија во општина Гази Баба

Од:

Град Скопје соопшти дека ги продолжува активностите во рамки на 14. циклус посети на скопските општини, при што денеска одржале средба со урбаните и месните заедници од Гази Баба.

– Ова е дел од пролетната акција за чистење на општините во Скопје. Денеска сме во општина Гази Баба, каде во период од 7 дена сите јавни претпријатија интензивно ќе извршуваат активности во сите населени места во оваа општина. Со овие акции сакаме да го зголемиме степенот на чистотата и комуналната хигиена во општините, каде во овој период сите јавни претпријатија интензивно работат не територијата на една општина, со што може да се завршат повеќе работи, изјавил градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Тој ја истакнал одличната соработка на Градот Скопје и јавните претпријатија со градоначалникот и администрацијата на општина Гази Бази.

– Овие 8 години работевме на подобрувањето на комуникацијата помеѓу градската администрација и претпријатија со службите на општините и урбаните и месни заедници, за денеска да имаме одлична комуникација и соработка и систем каде самите претставници на општините сериозно влијаат во работењето на претпријатијата, посочил градоначалникот Трајановски.

Јавните претпријатија на Градот Скопје ќе спроведуваат засилени активности во период од 7 дена, каде што ќе извршуваат работи што се во нивни надлежности.

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на кастрење на крошните на дрвјата, сечење суви гранки, садење цвеќиња, ЈП „Комунална хигиена“ ќе врши чистење и миење на улиците, како и замена на оштетените контејнери, ЈП „Водовод и канализација“ ќе работи на чистење и поправка на сливниците, отстранување дефекти во водоводната мрежа, како и санирање прекопи, ЈП „Улици и патишта“ ќе вршат санација на улиците, како и на подобрување на хоризонталната и на вертикалната сигнализација, а ЈСП Скопје ќе работат на чистење на автобуските постојки и просторот околу нив, соопштија од Град Скопје.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски истакнал дека и годинава ја спроведуваат оваа заедничка активност, каде започнуваат со уредување на улиците, парковите, тротоарите и расчистување на кабастиот отпад.

– Ние имаме одлична комуникација со јавните претпријатија, каде ги координираме нашите активности со нивните пунктови на дневна основа. Ние се вклучивме во оваа акција со нашето јавно комунално претпријатие „Гази Баба“ и 40 сезонски работници кои работат на повеќе локации во општината. Оваа година во програмата за работа на јавното прептријатие предвидена е набавка на две специјализирани возила за чистење на улиците-метларки, со што верувам дека ќе се подобри состојбата со чистотата во овој дел, посочил Трајковски.

Од Град Скопје информираат дека претходно се одржала средба на службите на општина Гази Баба, заедно со претставници на урбаните и месните заедници од Гази Баба со претставници на градската администрација и сите јавни претпријатија на Градот Скопје. На оваа средба се изготвил акциски план за делување на јавните претпријатија за овие 7 дена, каде биле договорени приоритетите и локациите на кои ќе се работи во оваа пролетна акција на јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати