Прогласени најдобрите полицаец и пожарникар во Куманово

Од:

Сузана Петровска, полицаец од полициската станица  за безбедност во сообраќајот и патиштата при СВР – Куманово и Заин Ајдини, пожарникар од Територијалната противпожарна единица-Куманово се прогласени за најдобри припадници во доменот своите професии за 2012 година. Така оцениле нивните претпоставени во службите, што наедно и беше повод денеска градоначалникот на општината Куманово Зоран Дамјановски во пресрет на nовогодините празници  традиционално да приреди свечен прием.

– Се надевам дека со еднаков ентузијам, посветеност и доследнот ќе ја извршувате оваa професија и во наредната година, рече градоначалникот.

Полицаецот Петровска  смета дека оваа награда е особено значајна за нејзината кариера. Во текот на својот 21-годишен работен стаж доследно ги извршувала професионалните задачи.

– Оваа награда ми дава поттик да продолжам со совесно извршување на задачите и во иднина, рече Спасиќ.

Најдобриот пожарникар, истакна дека оваa професија е хумана, но дека е потребна поголема техничка поддршка  од надлежните.

-Чест и задоволство е да се добие наградата, рече Ајдини.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски