Прогласени најдобриот полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје

Од:

Љупчо Стојановски од полициската станица Гази Баба е најдобриот полицаец за 2014 година во Скопје, најдобар пожарникар е Зоран Ј. Трајаноски од Бригадата за противпожарна заштита, а најдобар крводарител Мирко Инчевски, вработен во Клиничкиот центар.

На Стојановски, Трајаноски и Инчевски Градот Скопје ќе им додели по 10.000 денари, соопшти денеска  градоначалникот Коце Трајановски.

– На овие вредни, пожртвувани и хумани луѓе од свое лично име и од името на моите сограѓани сакам да им се заблагодарам за посветеноста и стручноста со кои пристапуваат во извршувањето на своите работни задачи, спасуваат животи и придонесуваат за поголема безбедност и сигурност во нашиот град, истакна Трајановски.

Најдобриот полицаец, Стојановски, годинава постигнал одлични резултати во откривањето кривични дела и расчистување на нарушувањата на јавниот ред и мир со непознати сторители. Фатил на самото место тројца сторители и расветлил четири тешки кражби. Во негово име, наградата ја прими неговиот командир Томче Петрушев.

Најдобриот пожарникар, Трајаноски, учествувал во гаснење поголем број пожари и придонел за спасување човечки животи и за намалување на материјалните штети.

Најдбриот крводарител, Инчевски, досега дарувал крв 112 пати и е истакнат крводарител/мотиватор, вистински пример меѓу крводарителите.

Би можело да ве интересира

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он