Професорите штрајкувачи од „Зеф Љуш Марку”: Екстерно тестирање под закани

Од:

Професорите штрајкувачи од СУГС „Зеф Љуш Марку” Скопје упатија писмо во врска со екстерното тестирање.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Ние, професорите штрајкувачи при средното училиште Зеф Љуш Марку –Скопје изјавуваме дека нема да ги прифатиме резултатите од екстерното тестирање на IV година во средните училишта.

За жал, деновиве бевме сведоци на некои активности што пред се и противречат на нашата професионална етика.

Во понеделникот на 26.01.2015 год, претседателите на одделенските заедници од вкупно 18 класа, одржаа состанок и решија да го бојкотираат екстерното тестирање. Но, врз нашите ученици веднаш започнаа закани, заплашувања, постојани и разни притисоци (за што сведочи и гореистакнатиот транспарент ставен од страна на учениците) дека ако го бојкотираат тестот на крајот на учебната година ќе бидат казнети со слаба оценка од соодветниот предмет и ќе немаат право на повторно тестирање.

Од страна на професорите тестатори, на учениците им беа давани готови одговори, ризикувајќи го на тој начин поголемиот број на своите колеги професори штрајкувачи, кои во голем број веќе се оштетени и понижени, поради истите пропусти направени изминативе години.

Неидентификувањето на учениците пред тестирањето остава можност за манипулации и сомневање за бројот на ученици кои се тестирани, доека според информациите од самите ученици, имало случаи ист ученик да влезе на тест неколку пати, за себе и за други ученици кои не се појавиле на тест. Сето ова се случуваше пред очите на инспекторите.

Останувајќи доследни на првичните барања на Синдикатот за образование- за укинување на екстерното тестирање и убедувајќи се уште повеќе последниве денови дека резултатот што произлегува од таквиот начин на вреднување (којшто е потполно спротивен со критериумите за вреднување определени од Биро за развој на образованието), може да се нарече секако –но не и “подобрување на квалитетот на образованието”.

Ние, наставниците, тие што госакаат образованието и кои постојано ги бараат вистинските вредности кај младите, денес повеќе од било кога се убедени дека нашите барања се најреални и најправедни.

Од професорите штрајкувачи на СУГС „Зеф Љуш Марку” Скопје“

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати