Професионална рехабилитација на лицата со попреченост

Од:

Во Берово денеска завршува првата обука од циклусот обуки за „Професионална рехабилитација на лица со инвалидитет – од теорија до пракса“ која е дел од активностите на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“ финансиран од Eвропска унија, од ИПА инструментот за претпристапна помош, за во рамките на Оперативната програма за развој на човечки ресурси.

Јелена Вахакуопус, невропсихолог од Финска и тим лидер на проектот истакна дека главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите, вештините, компетенциите и знаењето на професионалците кои се одговорни за поддршка на професионалната рехабилитација и социјална инклузија на лицата со попреченост.

– Целта на обуката е лицата кои работат со инвалидите кои се професионалци во својата област, да се стекнат со нови заења за методите и механизмите на професионалната рехабилитација на лицата со инвалидитет. Лицата со инвалидитет имаат голем број проблеми за изнаоѓање и зачувување на работата, бидејќи постојат голем број работни места на кои лицата со инвалидитет можат да работат, но ним им треба дополнителна рехабилитација за да можат да го добијат и да го задржат работното место, истакна Вахакуопус.

Проектот ќе опфати развој и воведување професионална рехабилитација и услуги за лична асистенција, вклучувајќи и квалитетни стандарди за испорака, контрола и надзор на овие услуги, потенцираше Александра Ѓеоргиевска социјален работник.

– Треба да се промовира нов модел на професионална рехабилитација, преку овие обуки кои се реализираат на 8-те региони во земјава при што ќе се вклучат 200 професионаци од цела Република Македонија, а целта е да се запознаат со професионалната рехабилитација и да видиме колку овој систем може да профункционира во Македонија. Воедно, имаме пилот проект во центри каде ќе може да се примени професионалната рехабилитација и да видиме кој модел на професионална рехабилитација е соодветен кај нас, а воедно, го промовираме иа концептот, личен асистент на лицата со инвалидитет, рече Ѓеоргиевска.

Проектот го имплементира странска консултантска компанија, а програмата за обука е поделена во 6 области, во рамките на неколку модули и во 8 циклуси на обука и ќе бидат опфатени 200 учесници.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово