Професионалци од ДИК се обучуваа за избори

Од:

Во рамките на подготовките за претстојните парламентарни изборни, Државната изборна комисија успешно ја заврши првата Обука за обучувачи за избори, кои ќе учествуваат во спроведувањето на програмата за каскадни обуки на изборните органи.

– На тридневната обука, која од 14 до 16 септември се одржа во Дојран, учесници беа 17 професионалци од редот на изборната администрација. Во текот на обуката тие се стекнаа со знаења и вештини за техниките на обучување, како и за изборниот процес во Република Македонија.

Овој новоформиран тим на обучувачи ќе учествува во спроведувањето на програмата за каскадни обуки на изборните органи, развиена од Државната изборна комисија за прв пат, соопштија денеска од ДИК.

Партнер на Државната изборна комисија во организирањето на оваа обука, како што соопштуваат оттаму, била Меѓународната фондација за изборнисистеми (ИФЕС).

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште