Проектни тимови од Гевгелија и Банско ги анализираа досегашните заеднички активности

Од:

Претставници на проектните тимови од општините Гевгелија и Банско на дводневната средба по направените анализи за досегашните и идните заеднички активности, констатираа дека изведбените работи околу уредувањето на излетничкото место „Динќут“ се одвиваат според планот.

Реализацијата на овој проект почна пред еден месец со финансиска подршка од Програмата за прекугранична соработка ИПА Интеррег 2014-2020 во износ од 170.000 евра наменети за афирмација на природните и културните вредности за подобра видливост и пристап во пограничниот регион на Македонија и Бугарија, а треба да заврши најдоцна до крајот на годинава.

Проектните тимови на средбата во Гевгелија направија осврт за прогресот на досегашните активности и анализа на тешкотиите и предизвиците кои се јавуваат при имплементацијата.Тие се сретнаа и со гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков на која беше договорено повторно заедничко аплицирање и партнерство во проекти од вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија