Зголемување на јавната свест за поголемо граѓанско учество во општествените текови и поттикнување граѓанскиот активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување и обуки има за цел проектот „Информирај се и Делувај“, на здружението „Концепт плус“ од Скопје.
Проектот се спроведува во Берово, Струга, Прилеп, Свети Николе и Кичево.
Основна цел на проектот, како што информираат, е поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата помеѓу реклама, вест и манипулација, како и да се препознае политичка или друг вид на пропаганда.
Истовремено преку проектот ќе се развијат локални акции и план во секој град за тековен проблем или предизвик кој е од интерес на локалната заедница. Во обуките активно ќе се вклучат и лицата со попреченост и лицата од социјален ризик со што ќе се зголеми нивната свест и активност за преземање различни активности за подобрување на нивната положба.