Проект за популаризација на воениот позив за служба во АРМ

Од:

Министеството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска во осум средни училишта во Велес, Прилеп, Центар, Гостивар, Стумица и во Штип ќе го почнат проектот за популаризација на воениот позив за служба во АРМ, кој ќе се реализира до крајот на април во средните училишта низ Македонија.

Училиштата ќе ги посетат претставници на Министерството за одбрана, заедно со професионални војници, подофицери и офицери на Армијата на Република Македонија. Тие ќе ги информираат средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски и за големиот број придобивки од службата во АРМ.

– На интерактивните кратки предавања, средношколците ќе имаат можност да се информираат за сето она што нив ги интересира од областа на професијата војник. Основната цел на проектот е запознавање на младите лица во Македонија со војничката професија, како и зголемување на нивниот интерес за, најпрво, служење на доброволен воен рок, а потоа и пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ. Со зголемување на бројот на пријавени лица на овие огласи се одржува и зголемува и квалитетот на изборот на идните припадници на Армијата, соопштија МО и АРМ.

Проектот од денеска ќе почне да се реализира во средните училишта: „Јовче Тесличков“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес; „Ристе Ристески-Ричко“ во Прилеп; „Јосип Броз-Тито“ во Центар; „Гостивар“ во Гостивар; „Јане Сандански“ во Струмица и „Сергеј Михајлов“ и „Коле Нехтенин“ во Штип.

Информации за термините за посетите на средните училишта може да се најдат на веб-страницата на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk, а секојдневно ќе бидат објавувани и на социјалната мрежа Фејсбук, односно на официјалниот профил на Министерството – Ministry of Defence of the Republic of Macedonia (@modmacedonia).

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски