Проект за јакнење на социјалдемократијата

Од:

Изминатиот викенд под покровителство на фондацијата “Олоф Палме” од 13 до 15 септември во Будва, Црна гора се одржа семинар на сестринските социјалдемократски партии од Македонија, Шведска и Босна и Херцеговина.

На овој семинар свое учество зедоа социјалдемократите од Горажде (Босна и Херцеговина), Прилеп (Македонија) и Остершунд (Шведска).

На семинарот се разговараше за повеќе теми, но главен акцент беше ставен на 10-те одредници на социјалдемократијата-Златко Шарчевиќ (СДСМ-Прилеп), Шведскиот Модел- Стинг -Бјорн Љунгрен (политички аналитичар -Шведска), Демократија и организациона структура на социјалдемократските партии- Јасенко Омановиќ (пратеник во Шведскиот парламент) и Статутарни промении моментални случувања во СДСМ и слобода на изразување и состојбата на медиумите во Република Македонија -Виктор Азманоски (СДСМ-Прилеп).

Заклучокот на овој семинар по однос на медиумите и слободата на говорот е дека Македонија е на најниско ниво во сферата на слобода на изразување во споредба со останатите две земји.

На овој семинар е договорено оваа соработка да продолжи меѓу социјалдемократите од Прилеп Македонија и Остершунд од Шведска преку координаторите на проектот Лилјана Неделкоска (СДСМ Прилеп) и Лена Бакелин од Шведска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски