Проект: Осмели се, омаловажувај го Груевски и добиваш функција

Од:

Македонија и се е можно, насловот не е дел од некоја нова владина скапа реклама, изработена од омилената агенција и емитувана на омилените телевизии.

Ова е реалност. На солидни позиции денес се најголемите плукачи на Груевски, луѓе кои беа со Љубчо Георгиевски и за нив беше идол.

Екипата на А1 истражуваше и еве до кои податоци и факти дојде.

Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика, човек кој секојдневно, па и сабота и недела, е на ТВ екраните во одбрана на политиките на Груевски. За него до пред некоја година, Груевски беше Чарли Чаплин, и беше предмет на потсмев на прес конференциите кои Спировски ги држеше како голем Љубчовист.

Валентина Божиновска-претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници, многумина ја паметат кога во Собранието најжестоко атакуваше врз Груевски, таа ја отвори аферата за становите на мајката на Груевски.

Жaрко Караџовски, директор на Македонски шуми, како член на ВМРО-НП го исмејуваше Груевски, а седеше и на неговото столче.
Благица Новковска-директор на Државниот завод за статистика, член на ВМРО-НП и сопруга на Ненад Новковски, поранешен министер за образование во Владата на Георгиевски.

Марија Којзеклиска-заменик директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Нејзините говори како член на ВМРО-НП се уште се паметат како жестока критика на работењето на Груевски.

Чедомир Краљевски, претседател на Комисијата за заштита од конкуренција, порано човек од доверба на Љубчо Георгиевски и близок со Драган Даравелски.


Александар Ѓоргиев– портапрол на Владата . Се уште го паметат како најголем критичар на Груевски кога беше портпарол на ВМРО-НП.

И тука се и Марјан Додовски, Филип Петровски, кои се обидуваа од Јутјуб и од социјалните мрежи да ги избришат прес-конференциите, настапите по телевизиите, говорите на конгресите, кога ја убедуваа јавноста дека Груевски ја води Македонија во пропаст, а сега влетаа во јатото на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, оние кои од првиот момент му се лојални на Груевски се маргинализирани или тргнати на страна.

Дали се наградува лојалноста или нападите и критиките врз Груевски носат позиција и исплатлива фотелjа?

И уште нешто, интензивно ВМРО-ДПМНЕ форсира платена политичка програма и прашува како можат Бранко и Љубчо да бидат заедно кога се напаѓале своевремено, или каде е блискоста на Жерновски, Љубе, Љубчо и Стојанче со Црвенковски.

Подготви: А1он

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он